Волф се насмеа на критиките на Еклстон кон Луис

371

На тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, му е “преку глава“ од коментарите на Берни Еклстон насочени кон Луис Хамилтон и ги опиша истите како уште само една “граната“.

Во падокот во Баку, Еклстон изјави дека Хамилтон не е повеќе истиот тркач и дека тој е уморен од светот на Формула 1.

Волф ги негираше сите претпоставки околу Хамилтон и смета дека тоа се типични тактики на Еклстон за возбудливи наслови во медиумите. Шефот на Мерцедес потврди дека тој има целосна доверба во желбата на својот возач да стигне до петта титула.

Тоа е Берни. Само што игравме табла и изгубив. Тој потоа се појавува во медиумите и “фрла граната“. Одлично!

Вестите се движат од возбудливи до депресивни. Кога работите не се движат во правилна насока, крај на светот е, а кога ќе победите на две трки по ред, доминацијата на Мерцедес го уништува спортот.

Сеуште гледам жар и желба за победа во Луис. Тоа е Луис, не Берни!. Луис лесно се справува со ова. Сите ние го почитуваме Берни, но исто така научивме неговите коментари да ги прифатиме со насмевка. Секогаш е така со него.

Во однос на формата, задоволен сум што се подобривме досега во викендот. Имавме лоши перформанси во петокот, променивме некои работи на болидот и се е подобар.

Не е доволно во однос на Ферари, но старт од второ и трето место во трката е добро – изјави Волф.


Волф се насмеа на критиките на Еклстон кон Луис

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>