Волф: Раиконен е неспособен или намерно удира

1429
   

Притисокот се зголемува врз Мерцедес по најновата победа на Себастијан Ветел каде екипата изгуби по инцидентот во првиот свиок со Кими Раиконен.

На Раиконен му се блокираше едното тркало кога влезе во свиокот покрај Мерцедесот на Луис и го удри во задното тркало. Хамилтон ја продолжи трката од последната позиција, но заврши на второ место. Резултатот не е посакуван за Мерцедес, особено поради тоа што се работи за нивна домашна трка на која немаат загубено од 2012 година.

Имавме одлично враќање на Луис, од последна позиција до второ место е фантастично – изјави Волф.

Тркачки инцидент со Раиконен по трката во Франција и сега повторно каде загубивме многу поени кај конструкторите. Како што би кажал Алисон, тоа беше намерно или е неспособен, на нас останува да оцениме.

Во интервју на Хамилтон со Мартин Брандл, разочараниот британец ја префрли вината на Ферари и Раиконен.

Како тим завршивме одлична работа, имавме многу подршка и многу притисок. Интересна тактика од нивна страна, но ние ќе се бориме и ќе се подобриме на наредните трки.

Финецот ја призна вината и ја прифати казната.

Тој сепак добива два казнени поени на неговата лиценца.


Волф: Раиконен е неспособен или намерно удира

78 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>