Волф признава: Улогата на Ботас е ментален неуспех

294
   

Тото Волф смета дека Валтери Ботас преживеал ментален неуспех откако Мерцедес без други опции го фокусираше подемот кон шампионската титула со Луис Хамилтон.

По добрите перформанси во Сочи, каде што мораше да ја предаде својата победа на својот тимски колега, Ботас имаше проблеми да ја следи формата на Хамилтон во Сузука.

Мислам дека мора да се потсетиме дека за еден тркачки возач е предизвик да го насочи целиот свој напор кон победа на трки и првенство. Доколку ја одземете таа способност од неговите раце, автоматски ќе создаде мал ментален неуспех. Тој вели дека не е тоа случајот, но јас мислам дека тоа ќе игра мала улога.

Тој е неверојатен тимски играч и не може тоа да го истакнеме повеќе. Да ви дадам пример, по трката во Сочи имавме разговор. Тој кажа: Целосно разбирам зошто ја донесовте одлуката и што ја причини. Доколку бев во ваши чевли, би го сторил истото. Морам да бидам подобар од Луис на почетокот на сезоната, да стигнам до повеќе победи и да се ставам себеси во позиција да се борам за титула. Не се грижете околу мене.

Во Сузука тој имаше проблеми со сообраќај, многу возачи се жалат на тоа, но тој дефинитивно имаше проблеми со таа ситуација – изјави Волф.

Тото сеуште е уверен дека финецот ќе се врати и ќе ја добие секоја шанса да се бори за титула и самиот.

Мислам дека Влатери ќе стигне до победа годинава и не се секирајте, Валтери ќе има уште многу победи во својот живот. Тој ќе биде во својата трета сезона со Мерцедес наредната година и ќе направи уште еден чекор напред.

Тој ќе се подобри и се гледа себе си како голем конкурент за првенството, а токму тоа го сакаме. Ќе дојде и тој момент – додаде Волф.

Ботас вели дека освојување на барем една победа во сезоната ќе направи голема разлика.

Лично, сметам дека е дефинитивно важно. На трката во Русија сметам дека возев како победник, но не победив …

Тоа не е идеално, откако вашиот тимски колега ќе победи на многу трки во сезоната, а вие ниту една. Имаме четири трки до крајот, четири шанси. Ќе видиме.

Секогаш се тркам за екипата. Тука сме да го освоиме првенството, не само да возиме кругови. Луис мора да ја освои титулата. Јас не можам, така што ќе помогнам.

Попрво би сакал мојот тимски колега да ја освои титулата, наместо некој друг. Исто така и за тимот, сакам да освојам максимални поени. Во Сузука, подобар резултат не беше возможен – вели Ботас.


Волф признава: Улогата на Ботас е ментален неуспех

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>