Шефот на Мерцедес, Тото , потенцираше дека Скудерија се фаворити за победа во Бразил откако италијанците се коцкаа во К2 на квалификациите за да дојдат во подобра позиција на трка.

Ферари одбраа Себастијан Фетел и Кими Раиконен да го имаат својот најбрз круг во средните 15 минути на жолтиот софт за разлика од конкурентите кои тоа го направија со најмекиот суперсфот. Поради тоа, италијанците ќе почнат на софт и ќе имаат многу подолга прва серија од своите конкуренти за победа.

Тоа што Мерцедес треба да ги загрижува е и фактот што со побавната компонента, Фетел беше втор во К2, а Раиконен 4ти.

ферари многу се коцкаше на квалификациите и ги промени гумите кога дождот доаѓаше и тоа им се исплатеше и ќе имаат предност пред стартот на тркатстрката. имаат мала негатива на самиот старт поради побавната компонента, но предноста еќ биде видлива во првите 10-15 кругови.

ние не сакавме да ризикуваме затоа што сметавме дека тој ризик нема да ни се исплати, но ги разбираме ферари проади позицијата во која се наоѓаат и единствен начин да останат во борба за конструкторската титула беше да одберат поинаква стратегија од нас. тоа и го направиј и им се исплатеше – анализира тото волф.

Мерцедес В09 има тенденција да ги прегрева гумите, особено задните, што беше голем проблем за тимот на последните две трки, викенди кои тие ги загубија. Пирели открија дека најбрза стратегија на Интерлагос е 32-35 кругови со софт во прва серија, а потоа медиум до крајот.

Прогнозата за трката е топло време, потопло од било кој дел од досегашниот тек од викендот што не им оди во прилог на “сребрените стрели“.

мотивирани сме викендов и имавме среќа со се што се случуваше до сега, но како и да е, најголем проблем ќе ни биде прегревањето на гумите. да ги одржиме во живот без меури ќе биде вистински предизвик, тоа е најголема негатива кај суперсофт во однос на софт така што не фатија во расчекор.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.