Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, откри дека “сребрените стрели“ станале посилни како екипа со титулата која ја освои Луис Хамилтон на вчерашната трка во Мексико, што беше 5ти наслов за британецот во кариерата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Луис ја вози својата 6та сезона во Мерцедес и мораше да се бори и да се брани од предизвикот кој му го донесоа Ферари и Себастијан Фетел сезонава. Иако титулата Хамилтон ја освои на две трки пред крајот на сезоната, “црвените“ прописно го намачија Мерцедес.

Посилни сме како екипа. Врската помеѓу сите е цврста и силна внатре во тимот, постои доверба, постои сила особено во моментите кога воопшто не ни беше лесно.

На викендите кога бевме надвор од ритам бевме смирени, анализиравме што се случило и што треба да направиме за да се вратим силни и тоа е една од клучните моќи на оваа екипа. Се фокусираме на решавање на проблемите, а не на создавање нови и дополнителни конфузии – појасни Волф.

Во одреден момент од сезоната, водството се менуваше од страна на Ферари и Фетел на страна на Хамилтон и Мерцедес. Во Австрија Мерцедес имаа двојно откажување и загубија многу поени.

Не е дозволено да правите гршки и при тоа да ги преќутувате. Наше мото е “погледни, кажи гласно и поправи“. За тоа треба околина која не е исплашена од ризик по својата работа. На брифинзите во Понеделник по трките сите го кажуваат своето мислење и својот став – откри Тото.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.