Волф: Победата не го менува фактот дека сме послаби

376

Тото Волф признава дека крајот на викендот бил горчлив и сладок, откако тимот и Луис Хамилтон конечно стигнаа до нивната прва победа во сезоната, но од друга страна Валтери Ботас немаше среќа и ја изгуби победата на два круга пред крајот.

Волф признава дека сите во екипата биле мошне емотивни во завршницата на трката, откако Ботас ја поведе трката по Безбедносното Возило, но и со предизвикот на Ферари позади него.

Тоа беше брутална трка и можеби токму таква трка каква што сакаат да гледаат фановите, со случувања во секој свиок.

Во гаражата, беше луда железница од емотиции за целата екипа и задоволен сум што стигнавме до првата победа од сезоната со Луис, но и разочарани за Валтери кој извозе совршена трка.

Од можен двоен подиум, изгледаше дека ќе можеме да стигнеме до 1-2 победа, пред да дојде до пукнатината на пневматикот кај Валтери, за на крај сепак да победиме – изјави Волф.

Волф вели дека трката се одвивала според планот, со исклучок на драматичниот крај. Мерцедес се одлучија да го задржат Ботас на патеката колку што е можно подолго, надевајќи се на потенцијално Безбедносно Возило.

Со пневматиците никогаш не се знае, стратегијата беше да чекаме. Валтери беше побрз и побрз. Можевме да останеме до крајот, а имаше и мала шанса да победиме со нормална стратегија бидејќи разликата со Себастијан не беше голема и можевме да ги искористиме ултрасофт пневматиците.

Но сето ова не ја менува реалноста дека сме послаби и заостануваме во моментов, но мислам дека Луис ја доби назад победата од Мелбурн.

Барселона ќе биде интересна бидејќи таму бевме најбрзи, така што ќе мора да видиме дали нашата форма сеуште постои или можеби зависи од патеката.

Дефинитивно имаме многу работа пред нас, да се подобриме во повеќе области, а моментално изгледа дека Ферари го има најбрзиот болид – изјави Волф.


Волф: Победата не го менува фактот дека сме послаби

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>