Волф: Пневматиците се клучен фактор во борбата за титула

332
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека употребата и разбирањето на пневматиците на Пирели се најважниот фактор во овогодинешната битка за титула помеѓу неговата екипа и Ферари.

Мерцедес, светските шампиони во последните четири години, заостануваат 20 поени позади Ферари во генералниот пласман, со 3 победи досега наспроти четири за италијанците. Ред Бул, кој е позади двете екипи во пласманот, исто така стигна до 3 победи досега.

Мерцедес го почувствува поразот на патеки кои беа нивната силна страна во претходните години, како Канада, Австрија и Британија.

Мислам дека сезонава се движи во поинаква насока и шема. Секој носи подобрувања на секоја трка, а не постои нешто што ќе направи огромна разлика од 3 до 4 десетинки, што беше разликата помеѓу нас и Ферари минатата сезона.

Постојано мора ги изучуваме пневматиците, кои се најголемиот фактор во перформансите. Некогаш ќе донесете правилна одлука, некогаш не.

Доколку во квалификациите беше 10 степени потопло, можеби ќе имавме поголема предност, а можеби тоа ќе беше случај и во трката. Но тоа е што е и само треба да имаме подобро разбирање, да ги контролираме пневматиците на најдобар можен начин.

Би сакал да се здобиевме со предност во Австрија, Монтреал и Силверстон бидејќи на патеки како Унгарија и Сингапур, ќе изгубиме. Ќе се бориме да освоиме што е можно повеќе поени – изјави Волф.


Волф: Пневматиците се клучен фактор во борбата за титула

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>