Волф: Патеката треба да одговара на Ферари

404

Тото Волф се подготвува за тежок викенд во Сингапур и признава дека патеката повеќе им одговара на нивните ривали Ферари, иако лани борбата беше избегната поради глупоста на Ветел и Раиконен на стартот по кој се елиминираа еден со друг.

Разликата помеѓу Хамилтон и Ветел во моментов е 30 поени во корист на актуелниот првк. Иако “сребрените“ беа добри последниот тркачки викенд на домашен терен на Ферари, свесни се дека претстои тешка трка.

Резултатот во Италија беше одлична награда на сите во тимот кој работеа неуморно за д ги подобра перформансите. Сингапур од друга страна е трка на која се мачевме во минатото. Марина Беј има куси правци, бавни и тесни кривини и нерамна подлога која ја прави патеката една од најтешките на календарот.

Оваа патека “му чежи“ на Себастијан Ветел кој до сега победил таму дури четири пати, повеќе од било кој друг возач, а Хамилтон има три триумфи.

Во 2015 година имавме едно од најтешките искуства во последните години, а лани почнавме од третиот ред, но завршивме со победа и трето место. На хартија, патеката треба да им одговара на Ферари, но борбата за титула е многу блиска и се е нередвидливо.


Booking.com

Волф: Патеката треба да одговара на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>