Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, откри дека е сентиментален во врска со односот на “сребрените“ со нивниот најголем конкурент, Скудерија Ферари.

Силниот ривалитет помеѓу двете екипи последните неколку години доведе до меѓусебни обвинувања и пријавувања кај ФИА за евентуални неправилности и прекршување на правилата. Сезонава многу се зборуваше за системот на двојна батерија во моторот на италијанската екипа, нешто што Мерцедес се сомневаа дека е нелегално, додека кон крајот на сезоната, Ферари се бунеше за иновативниот дизајн на задните тркала на “сребрените стрли“.

многу е тешко да се задржи совршен џентлменски став во текот на сезоната помеѓу две групи кои се опседнати со победување. во моментов се се враќа во нормала затоа што сме членови во заедничка платформа која сакаме да функционира – појасни волф.

Двете моментално најмоќни екипи во спортот работат заеднички кон иста цел во пресрет на големите промени на правилата кои ќе следуваат по 2020 година.

мораме да имаме добар однос за да дискутираме за работите, што сметам дека е сосема нормално, но во одреден момент од сезоната, таквиот однос е навистина тежок. постојат моменти кога нашата соработка е продуктивна за цела формула 1 и за сите екипи.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.