Волф објасни како ги надминале Ферари

631
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, го објасни процесот кој им помогнал на “сребрените“ да влезат во серија и им избегаат на Ферари во борбата за титулите сезонава. Луис Хамилтон е на 67 поени од Фетел во возачкиот поредок, а предноста на Мерцеес е дури и поголема.

Екипата од Бракли греши слично како и Ферари, но Тото смета дека поинаков пристап и за разлика од нивните ривали, прават се за да не се повторуваат грешките.

Се обидуваме да најдеме безбедно место. Дозволено е да грешите и да признаете, а ние имаме мото кое бара разговор и начин како да се поправи и да не се повтори грешката со цел никој да не е исплашен додека работи.

Нашите понеделнишки состаноти почнуваат со грешките кои сме ги направиле во текот на викендот. Главниот стратег, Џејмс Вауелс, го “лета авионот“ во текот на трките, тој ја одредува стратегијата, јас малку го одвлекувам неговото внимание, но тој превзема одговорност кога е во право, а истото го прави и кога ќе погреши – откри Волф.

Хамилтон победи на шест од последните седум Гранд При трки, но тие не се задоволни и ќе продолжат со целосна конценцтрација се до крајот од сезоната.

Напредокот кој го направивме од трката во Спа е одличен, уживаме во тоа што го работиме, го сакаме притисокот и знаеме како да се справуваме со него. Нема подобра работа од тркањето и константно подобрување на времињата по круг.

Мислам дека е важно секогаш да се измислувате повторно како екипа и да поставувате нови цели. Ние имаме амбициозни цели, сеуште немаме освоено титула годинава и работиме на тоа.


Волф објасни како ги надминале Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>