Волф: Новиот мотор нема врска со проблемите

592
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека новиот мотор кој тимот го промовираше на Француското Гранд При минатиот викенд не бил причина за двојното откажување и незавршената трка во Мерцедес попладнево на Ред Бул Ринг.

Болидите на Мерцедес прв пат не завршија трка од Шпанија 2016 година кога Луис Хамилтон и Нико Розберг се судрија и ги оставија “сребрените“ без пласман по првите неколку кривини од трката.

Валтери Ботас имаше проблеми си притисокот на хидрауликата поради протекување во 14от круг, додека проблемот на Луис Хамилтон бил со пумпата за гориво, потврди Тото, иако потенцираше дека дефектите немаат врска со новиот мотор спецификација 2.1 како што го нарекоа во Бриксворт.

Ниеден од проблемите не беше поврзан со последната спецификација на нашиот мотор. Имавме протекување од хидрауликата која е поврзана со управувачот на Валтери, а попуштање на присиокот на горивото кај болидот на луис поврзано со целиот систем за горивото беше неговиот проблем. Да повторам, нема поврзаност со новиот мотор.

Ова е огромен повик за наше будење. За мене најболен дел во моето време минато во Мерцедес беше во Барселона пред две години. Многу луѓе дојдоа да ме видат пред трката и ми рекоа дека истата ќе биде само “прошетка“ за нас и дека ќе се чуеме за два часа, така што од тогаш сум свесен какво може да биде тркањето. Може да биде многу, многу сурово и ако суровоста оди против вас, преоѓа во бруталност – полн со гнев е Тото.

Незавршената трка за Луис значеше загубено водство во возачкиот поредок, а Мерцедес го загуби водството кај конструкторите. На почетокот од трката, “сребрените“ имаа и стратегиска грешка кога за време на биртуелното безбедносно возило не го внесоа Хамилтон во бокс, сакајќи да видат како ќе одиграат Мерцедес и Ред Бул кои имаа по два болиди на располагање во трка.

Ќе ви кажам какво беше расположението на Луис. Преку радиото рече дека не знае колку луѓе го слушаат во Бриксворт и Бракли, но дека не памти кога последен пат не завршил трка и дека тимот има неверојатна издржливост и квалитет. Исто така повтори дека имавме убедливо најбрз болид на трката и дека тоа е најдобрата екипа за која возел и поради тоа мораме да се поправиме и да се вратиме во игра за што нема сомнеж. Таков е тој – откри Волф.


Волф: Новиот мотор нема врска со проблемите

13 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>