Певиот човек на Мерцедес, тото , негира дека “сребрените стрели“ пратиле понуда до техничкиот директор на Ферари, Матиа .

Во текот на летото силни беа шпекулациите дека Биното има конфилкт со шефот на Ферари, Маурицио Аривабене и дека неминовно е заминување на еден од нив од Маранело. Минатиот месец италијанските медиуми открија дека Матиа имал понуди од други екипи, а помеѓу заинтересираните наводно биле и Мерцедес.

не сме му понудиле ништо на биното. можам да кажам дека е одличен инженер, но под водство на џејмс алисон ние имаме првокласен технички тим и поради тоа не ни треба никој друг – изјави тото за La Gazetta dello Sport.

Главен инженер во Мерцедес е Џон Овен, а директор на инженерите е Алдо Коста, кој од следната година ќе биде само консултант на екипата.

алдо не е само наш колега, туки и пријател и нема да го напушти мецедес. нашата екипа има динамичка структура, имаме млади луѓе кои добиваат можност и одговорности. тоа што ми се допаѓа е дека никој не ја напушта екипата поради незадоволство – дополни волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.