Волф: Не бевме доволно брзи на квалификации

169

Тото Волф призна дека крајниот исход од квалификациите во Канада бил разочарувачки за екипата откако Валтери Ботас псотави второ време, а Хамилтон ќе стартува веднаш за него од 4тапозиција. За само десетинка финецот не стигна до пол позиција и за толку беше побавен од себастијан Ветел, додека Хамилтон падна од 3то на 4то место благодарение на последниот летечки круг на Макс Верстапен.

Не бевме доволно брзи на квалификациите што е големо разочарување на патека каде традиционално сме многу силни, а 2ро и 4то место го покажуваат тоа. Повторно покажавме дека ове е првенство каде мали детали прават разлика на крајот, а разликите се мерат во делови од секундата и секој мал детал е битен за крајните перформанси. Секој дел од сложувалката треба да е исправно поставен ако сакате на крајот да победите – објасни тимскиот шеф на Мерцедес.

Тото смета дека гумите биле клучни на квалификациите, Ботас не успеа да го подобри своето време во вториот обид, додека Луис се мачел со хиперсофт во секој круг. Поради тоа австриецот е задоволен што никој нема да мора да стартува на најмеката компонента откако неговите возачи обезбедија К3 пласман на ултрасофт.

Валтери возеше одлично за да дојде до 2то место со силена прва серија, но потоа не можеше да го подобри своето време со последниот сет најмеки гуми. Луис значително се подобри во последниот круг, но во ниеден момент не владеше со ситуацијата на хиперсофт, а квалификациската позиција го покажува тоа.

Позитивно е дека двата болиди почнуваат на ултрасофт така што се надеваме на одлична позиција во трка и голем број стратегии на располагање – заврши Волф.


Волф: Не бевме доволно брзи на квалификации

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>