Валтери Ботас мора да прикаже перформанси на нивото на Луис Хамилтон претстојната сезона доколку сака да го задржи своето место во Мерцедес за 2020 година, откри тимскиот шеф Тото Волф.

Финецот имаше разочарувачка сезона во 2018 година и покрај силниот старт, тој не успеа да победи на трка, додека Хамилтон ја освои шампионската титула. Во период кога резервниот возач, Естебан Окон, бара начин да се врати во Формула 1 во 2020 година, Мерцедес имаат очигледен избор, доколку Ботас не ја подобри својата форма.

Волф смета дека еден од клучните фактори против Ботас во 2018 година била лошата среќа, алудирајќи на загубената победа во Баку поради премин преку остатоци на патеката. Сепак, Волф е јасен дека Ботас мора да покаже перформанси на повисоко ниво, нешто за што и самиот возач е свесен.

Валтери точно знае каде треба да биде наредната година. Тој мора да има исти перформанси како и Луис. Тоа е потребно за 2020 година. Тој го знае тоа и ја има таа можност – вели Волф.

Иако подобрувањата на Ботас на патеката не се претворија во подобри резултати во 2018 година, Волф е свесен дека предизвикот ќе биде поголем особено со подобрувањето на Хамилтон.

Подобрувањето на Луис значи дека и Валтери мора да се подобри. Тоа го гледам постојано со него, но во случајов се борите против петкратен шампион.

На него му е потребен старт на исто ниво со Луис и сите останати кои се борат за титула, тоа му е потребно.

Пораз на петкратен светски шампион кој е на својот врв на перформансите, ќе биде многу тешко и Валтери го знае тоа, Но мислам дека е способен. Може да победи, тоа го докажа во неколку наврати, но имаше лоша среќа.

Ако тоа се претвори во позитивен моментум, како возење за титула, мислам дека Валтери би можел да ја освои титулата – вели Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.