Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека екипата нема да “стои на патот“ на ривалска екипа која е заинтересирана за услугите на Естебан Окон.

Окон има поддршка од Мерцедес откако ја освои титулата во ГП3 во 2015 година, а потоа го имаше своето деби во Формула 1 во средината на 2016 година со екипата на Манор, која користеше агрегат на Мерцедес, пред да премине во Форс Индија.

Окон е поврзан со трансфер во Рено, со кои претходно имаше тестови во тренинг сесии во 2014 и 2016 година. Рено и Мерцедес се поврзани преку стратешко партнерство помеѓу Рено-Нисан групацијата и Дајмлер, а компаниите се сопственици на меѓусебен удел.

Мерцедес нема возачко место во својот тим до 2020 година, откако ги продолжија договорите на Хамилтон и Ботас, додека Окон е во одлична форма оваа и претходната сезона. Волф претпазливо е свесен дека Окон би можел да се приклучи во ривалска екипа, како Рено, доколку му се укаже можност.

Го земавме Естебан по екипата на Gravity Sports која беше поврзана со Рено. Во тој период само што ја почнавме нашата јуниорска програма и беше совршено со Паскал Верлејн и Естебан како први возачи.

До денес се обидуваме да ги насочиме кон успешна и долга кариера, да бидат во позиција да станат Светски Шампиони еден ден. Но со Валтери и Луис веќе имаме возачки тандем кој е стабилен и функционира за нас.

Моментално нема простор во Мерцедес и доколку тој добие шанса во друга екипа да биде успешен тркачки возач, ние нема да му стоиме на патот – изјави Волф.

Окон се претпоставува дека има повеќегодишен договор со Форс Индија, а запрашан околу услугите на французинот, оперативниот директор на Форс Индија, Отмар Шафнауер го изјави следното:

Во ред е доколку тој сака да си оди, но мора да се согласиме со условите. Сигурен сум дека Тото има алатки за убедување, доколку тоа го сакаме сите. Соработуваме добро заедно.

Имавме одлични разговори со Естебан и добро е за двете страни да не му стоиме на патот. Нема тоа да го направиме.

Но моја примарна работа е да се грижам за Форс Индија, така што тоа ќе го правам на најдобар можен начин – вели Шафнауер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.