Волф: Мала грешка може да не уништи

261
   

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека мал инцидент може да ја скрати борбата за титулата на Мерцедес и Хамилтон и покрај огромната предност која во моментов ја имаат.

Хамилтон победи на последните 4 трки и има предност од 67 поени пред Себастијан Фетел, а додека Мерцедес има предност од 78 поени пред Ферари и е на пат кон петта последователна титула двојна титула.

Чудни несреќи може да се случат. Ако не завршиме трка тоа одзема голем број на поени. Знам дека не изгледа така, но ова е спорт и се може да се случи. Не би сакал да помислам дури и ако Хамилтон скрши прст.

Се може да се случи. Не сакам да размислувам за тоа бидејќи е лоша среќа, но би сакал да завршиме со ова во Остин. Секоја трка сме среќни да водиме и тоа го одлучува подиумот – смета Волф.


Волф: Мала грешка може да не уништи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>