Волф лут што ФИА ги “исцинка“ за Ферари

1001

Тото Волф е изненаден и лут што ФИА ги посочила членовите од Мерцедес како луѓе кои барале истрага во врска со легалноста на Системот за повраток на енергијата на Ферари. Во текот на Големата награда на Монако, болидот на Ферари беше опремен со посебен сензор поставен од страна на ФИА кој требаше да одреди дали италијанците користат повеќе од дозволените 120 kW од батеријата на болидот односно од кинетичкиот дел.

Чарли Вајтинг официјално изјави дека е задоволен од инспекцијата на СФ71Х, но притоа откри дека Лоренцо Саси, поранешниот инженер одговорен за моторите во Маранело, како и бившиот технички шеф на Ферари, сега на истата функција во Мерцедес, Џејмс Алисон, биле оние кои ја иницирале истрагата.

Една од моите работи е да ги заштитам луѓето од одредени индивидуи кои ги именуваат во погрешен контекст и со тоа ги вознемируваат. Луѓето ја ставаат ФИА и нејзината работа под знак прашалник секој ден.

Ако речете дека некој тим иницирал да се покрене истрага тоа е во ред, но именување на индивидуе не е исправно.

ФИА имаше официјална изјава и како раководител со правилата во спортот имаат право тоа да го прават. Никој не е осуден, немам никакви жалби, нема истраги, нема пресуда, едноставно, ние им веруваме. Нормалното функционирање е екипите да прашуваат за проблеми секој ден, а тоа се случи и овој пати – нервозен е Тото.


Booking.com

Волф лут што ФИА ги “исцинка“ за Ферари

9 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>