Во своето последно интервју за британски The National, Тото Волф не пропушти повторно да напомене дека го сместува Луис Хамилтон рамо до рамо со Михаел Шумахер и дека треба да сме свесни колку навистина е добар британецот.

по мое мислење луис и михаел се најдобрите кои сме ги виделе, но тоа за хамилтон ќе го сфатиме денот кога ќе се пензионира. таков е човекот, никгоаш не признава врвни перформанси додека истите се случуваат.

секогаш сме полни со пофалби за луѓето кои се пензионираат или починуваат, но ретко кој признава и е свесен колку е некој неверојатен додека се трка. мислам дека треба да го признаеме тоа за луис додека сеуште е активен – изјави волф за The National.

Во 2013 година, Хамилтон мина од својот матичен Мекларен во Мерцедес, екипа со која стана доминантен во врвот на моторспортот. Одтогаш пишува Формула 1 историја, освои уште 4 титули со “сребрените стрели“, а Тото смета дека неговиот напредок не е само на патеката.

начинот на кој се разви како човек е неверојатен. стана темел на победите на тимот што е невообичаено како возач затоа што тие секогаш повеќе се жалат одошто фалат, но тој секогаш не фали.

работиме во околина на брутална искреност еден со друг. ако работите не се добри одиме на состанок и кажуваме што било погрешно. тоа ни дозволува да стигнеме до подобри перформанси, а луис има совршен став – полн со пофалби е тото.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.