Волф: Криво ми е што не го познавав Шумахер подобро

563

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, го откри односот кој го имал со легендарниот Михаел Шумахер, кој три години возеше за Мерцедес пред да се повлече по втор пат и да стане нивни советник. Седумкратниот првак немаше победа за “сребрените“, иако во 2012 година на возраст од 43 години стигна до подиум, а воедно во тој болид стана и вториот возач со 300 Гранд При трки зад себе.

За жал никогаш немав шанса подобро да го запознаам. Прв пат го запознав на лет до Сингапур и ме праша дали сакам да играм табла со него. Мислев дека сум добар во табла, но срамно многу загуби од него и тоа два пати – откри Тото во својата изјава за FormulaPassion.

По повлекувањто на 43-годишна возраст, тој имаше советодавна улога во Бракли, а беше назначен и за амбасадор на брендот.

Имавме долг и добар разговор во Женева каде ми кажа дека сака да продолжи да го поддржува тимот. Веднаш почувствуав поврзаност со него, но тоа беше нашиот последен разговор.

По пензионирањето, Шумахер беше заменет со Луис Хамилтон кој стигна од Мекларен и до сега освои 3 титули за тимот, а во моментов води во поредокот.


Волф: Криво ми е што не го познавав Шумахер подобро

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>