Тото Волеф откри дека иднината на Естебан Окон во 2019 година зависи од кои треба да го комплетираат својот возачи тандем.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Повеќе од јасно е дека французинот ќе го загуби своето возачко место од Ленс Строл кој ќе дојде во Форс Индија откако татко му ја купи екипата која влезе во постапка на администрација. Долго време Окон беше во комбинација за место во Рено, но французите се решија за Даниел Рикардо. Потоа, Мекларен беше интересна опција за него, но во Вокинг решија за нив да вози Карлос Саинз, по што Естебан остана со “куси ракави“.

Во моментов Вилијамс го имаат потврдено само јуниорот Џорџ Расел за следната година и работат на проценка на неколку возачи за да решат кој ќе биде негов партнер догодина.

нема никаква новина. како да се помиривме со фактот што веројатно нема да има место за него следната година, а потоа ќе мораме да го интегрираме во тимот затоа што е одличен возач. ќе остане да работи за нас доколку не се укаже некој можност во последен момент во вилијамс, но за тоа треба да реши тимот – објасни тото .

Претходно, Клер Вилијамс најави дека во Гроув не брзаат да го објават својот втор возач и дека работат на внимателна и темелна проценка на возачите кои ги имаат на листата.

мислам дека клер ќе донесе одлука која најмногу ќе одговара на вилијамс од комерцијален аспект и возачки аспект, но сеуште не е дојдена до тој момент. наскоро ќе се реши и тоа – смета тото.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.