Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, е задоволен од придонесот на неговиот возач Валтери Ботас за конструкторксата титула која “сребрените стрели“ ја освоија оваа сезона.

Финецот минатата година имаше три победи и беше на трето место кај возачите, а оваа година е на четврто место без победи и може да биде стигнат од страна на Макс Верстапен.

Валтери заврши на второто место на 7 трки сезонава, а и во Азербејџан беше на дофат на победата, но поради пукање на гума не стигна до победата. Во Русија му беше наредено да го пушти Луис Хамилтон да победи и повторно остана со “куси ракави“.

Мерцедес дојде до 5та титула кај конструкторите по ред, за време на последната трка во Бразил, а Хамилтон дојде до својата 10та победа оваа сезона.

Волф е убеден дека Ботас наредната година ќе биде конкурент за титулата.

Валтери имаше потешка сезона од Луис но неговите перформанси беа подобри и тој играше важна улога во успехот во шампионатот. Неговиот придонес за успехот е огромен. По инцидентот во Баку тој изгуби 25 поени и шансите за борба во шампионатот исчезнаа. ТОј го задржи достоинството и го подржа тимот без да го изгуби мотивот. Мислам дека имаше ментална борба за тоа дали може да победува повеќе или да го подржи колегата и тој го постигна тоа. Мислам дека наредната година ќе биде посилен и ќе се бори со Луис.

Ботас треба да победи во Абу Даби за да не биде првиот возач од 2012 кој што нема победа во текот на една сезона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.