Тото , тимскиот шеф на Мерцедес, изјави дека Формула 1 е сведок на еден поинаков Луис Хамилтон откако британецот ја осигурал својата титула.

Во минатото, Хамилтон се мачеше со своите перформанси и резултати откако ќе освоеше титула и никогаш немаше победено на трка откако ќе си го осигура насловот, но во Бразил и Абу Даби сезонава го направи тоа.

всушност, тој возеше посилно и подобро откако ја освои титулата. смета дека е многу посветен и интегриран дел од екипата. за возач, такво однесување е многу чудно затоа што тие се насочени строго кон возачка титула, но тој ни кажа дека ништо не е целосно без контруксторската титула.

кога ќе го погледнете неговото лице, тој беше порадосен кога ја освои конструкторската титула одошто неговата и поради тоа не попушти до крајот на сезоната. тоа е некој нов луис – објасни волф.

Самиот возач смета дкеа начинот на кој продолжи силно и покрај освоените титули се должи само на акумулираното искуство.

годинава бев поинаков, сакав да продолжам да притискам до лимитот, да ги поместувам границите и да ја завршам сезоната со врвен резултат. тоа е поради фактот што сакав силни темели за следната година и моќен почеток уште од првата трка.

и во минатото бев добар и не беше некој голем проблем што не победував откако освоив титула, но дефинитивно сум посреќен годинава – заклучи луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.