Волф: Возачот е клучен во Монако

98

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, знае дека возачите мора да бидат совршени за добар резултат во Монако, свесен дека целиот викенд може да биде трагичен со само една грешка.

Патеката во Монако е патека за возачите, а тесната конфигурациа и влизината на ѕидовите значи дека нема никаков простор за грешка и се се казнува. Кочење за само неколку метри предоцна може да уништи цел викенд, иако со многу среќа може да завршите на некој редок асфалт крај патеката.  За возач да биде успешен во Монако, треба да најде совршен ритам – смета Тото.

Австриецот смета дека патеката е различна од другите и поради тоа што фокусот е на совршениот сетап, а не на пробување новини за викендот.

Потребно е возачот да му верува на болидот од почетокот на викендот, а потоа внимателно да работи за совршен круг. Екипата треба да најде болид кој инспирира доверба од првиот момент кога возачот ја напушта гаражата во Четврток.

На другите трки, тимот може да носи новини кои ќе ги пробува во Петок, но во Монако секој момент од тренинг сесиите е посветен на идеално подесување и поради тоа пристапот на екипите е поразличен.

Голем проблем низ тесните улици на кнежевството секако дека е и гужвата и поради тоа секој мора максимално добро да го искористи времето на патеката.

Користење на тренинг сесиите е максимално важно затоа што може да мине и цела сесија со само неколку летечки кругови поради гужва на патеката. Тимовите требаа соодветно да планираат за да најдат добар момент за напуштање на гаражата и овозможување на константни кругови за возачот.

Исто така тоа значи дека треба добро да се менаџира со тајмингот и позицијата на патеката во Четврток и Сабота. Отприлика 4-5 секунди ви се потребни од болидот пред вас.


Booking.com

Волф: Возачот е клучен во Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>