Шефот на Мерцедес, Тото , го пофали талентираниот Макс Верстапен за кој смета дека ќе биде иден Формула 1 првак, а тоа ќе го оствари штом го “избруси“ својот талент во годините кои следат.

Холанѓанецот предизвика контроверзија на трката во Интерлагос откако се изврте по контактот со Естебан Окон додека го минуваше за цел круг. Беше гневен на французинот и по крајот на трката тргна и физички да се пресметува со него.

Тото Волф смета дека талентот на младиот холанѓанец е очигледен, неговата желба да победи е видлива и доколку успее да “го испегла“ ентузијазмот на вистински начин, ќе биде првак во иднина.

за неколку години може да ги гледаме снимките и да се запрашаме што мислел, но тоа не смее да се избрза затоа што процесот на учење е долг. макс е иден шампион, има неверојатен талент и брзина и треб само да ги испегла рабовите за еден ден да стане шампион – смета тото.

Шефот на Мерцедес, како и сите од падокот, даде свое мислење во врска со инцидентот на Верстапен и Окон и верува дека французинот не направил ништо намерно.

тоа беше многу несреќен инцидент и мислам дека ако може да го врати времето, нема повторно да се обиде да мине. никој не сака да удри во победникот на трката – заврши волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.