Волф: Валтери е подготвен да жртвува уште победи

293
   

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека Валтери Ботас му пренел дека е подготвен да жртвува уште победи за доброто на екипата, доколку повторно има потреба за тоа.

На Ботас му беше наредено да му го отстапи водството во трката во Русија на својот колега и лидер во првенството, Луис Хамилтон, како превентивна мерка поради оштетените пневматици на британецот.

Волф набрзина го пофали квалитетот и интегритетот на карактерот на Ботас и признава дека Финецот го покажал потребното темпо за победа во Сочи.

Вистинската сила на тимот се прикажува преку тоа на што индивидуалците се подготвени да жртвуваат за групата. Валтери се согласи да ја жртвува својата победа во Сочи за да ја заштити нашата 1-2 победа и за да го зголемиме водството во двете првенства.

Тој ни пренесе дека е подготвен да го стори тоа повторно. Тоа ви кажува се што треба да знаете за квалитетот и интегритетот на неговиот карактер.

Валтери докажа во Сочи дека е возач кој може да победува на Гранд При трки. Тој беше на пол позиција, ја контролираше трката и имаше темпо за победа, но покажа и дека е голем тимски играч кога ни треба во завршницата од сезоната – вели Тото.

Шефот на Мерцедес исто така признава дека не е лесна одлука возачите да ги заменат местата, признавајќи дека истота била тешка битка помеѓу “умот и срцето“ кога требало да се донесе.

Иако имаат предност од повеќе од 50 поени пред Ферари, а Хамилтон има 50 поени предност пред Фетел, Волф е свесен дека сеуште има тешки предизвици пред нив и ќе се соочат со истите како силна екипа.

Не беше лесна одлука, иако беше правилна за ситуацијата со поените. Мислам дека сите од нас се соочија со оваа потешкотија во нашите глави и нашите срца во Недела, но нема правило кое може да го примените.

Какво сценарио и да смислите, стара воена поговорка е “ниту еден план не го преживува првиот контакт со непријателот“, а тоа го видовме повторно во Русија како што се одвиваше трката.

Секоја одлука има свој контекст и можеби ќе се соочиме со повеќе тешки моменти пред да заврши сезоната. Но со секој ќе се справиме заедно, како силна екипа – додаде Волф.


Волф: Валтери е подготвен да жртвува уште победи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>