Тото откри дека Валтери му кажал дека сака “да исчезне“ од јавноста, да се повлече дома некој период во текот на зимата за да си ја врати својата загубен форма.

Финецот не успеа да победи сезонава, најблиску беше во Баку кога пукнатата гума му ја одзема победата и во Русија кога мораше да го пропушти Луис Хамилтон. Тој често се мачеше да биде на нивото на перформанси на неговиот колега и изјави дека сезонава му е најразочарувачка во Формула 1 кариерата.

ми кажа дека сака да исчезне и да се повлече дома и на тој начин да ги наполни батериите. сака да заборави, да се поврати и да одмори, а потоа доаѓа следната година. беше предолго и ја разбирам неговата фрустрација – откри волф.

Валтери смета дека повлекување дома во мирната Финска ќе му ја врати енергијата која ја загуби сезонава.

сакам да исчезнам и да ме нема некое време, но факт е дека мојот одмор ќе почне за три недели и имам уште толку работа. треба да го помианм тоа, а потоа ќе имам време да размислам за сезонава и да ја вратам менталната енергија која ја загубив – објаснува ботас.

Австрискиот шеф на Мерцедес верува дека сезоната на возачот се распаднала откако тој сватил дека повеќе нема шанса да освои титула.

зборувајќи со возачите, штом можноста за титула се загуби имаат голем пад во формата, а тоа го видовме годинава.

Самиот возач призна дека во одреден дел од сезоната имал многу проблеми со кои тешко се соочил, проблми и инциденти кои му ги одземале добрите резултати.

сезоната беше истоштувачка затоа што имав голема цел во однос на резултатите. штом целта се покажа недстижна во одреден дел од првенството, имав многу проблеми кои се редеа еден по друг и се надградуваа еден со друга. беше тешко да се справам со сето тоа.

се почувствував исцедено во тој момент и тешко е да најдам многу позитивни работи од оваа сезона. но во овој спорт дефинитивно се спознавате себе и знаете кога ви треба одмор и кога ќе се напоните. ќе се обидам да ги најдам светлите точки сезонава и ќе напаѓам догодина.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.