Возачите претпазливи со новата ДРС зона

95

Даниел Рикардо смета дека Формула 1 возачите ќе мора да бидат многу претпазливи во врска со затварањето на ДРС системот пред првата кривина на Хокенхајмринг, по извртувањата и сударите кои ги имаа на слична таква зона пред две недели во Британија.

Во Силверстон неколку возачи завршија во ограда при голема брзина откако навреме не го затворија својот ДРС систем во пресрет на летечкиот свиок Аби. Роман Гросжан го направи тоа на првата петочна тренинг сесија, додека Маркус Ериксон “се зезна“ на квалификациите.

Новата, трета ДРС зона во Хокенхајм е слична како таа со Силверстон, летечки десен свиок каде возачите мора силно да сопираат.

По мене, бидете сигурни дека ДРСот е исклучен. Многу е потешко одошто првата кривина на Силверстон, така да осигурајте се дека немате ДРС. Кул е, интересно е, но мислам дека никој нема да се осмели со отворен ДРС да мине таму. Тоа нема да го видиме – најави Рикардо.

Роман Гросжан не е задоволен со поставеноста на зоната и смета дека ризикот да се мине на првата привина со ДРС не вреди.

Мислам дека пред првата кривина нема никаква потреба за ДРС зона затоа што ионака никој нема да претекне на првата кривина. Но, помеѓу првата и втората кривина дефинитивно да, и во делот помеѓу втората и шестата кривина.

Пред првата кривина е слично како на Силверстон, ако пропуштите да стиснете копче и мануелно да го исклучите системот, ќе биде предоцна, го видовме тоа пред две недели.

Би сакал гумите да не прегреваат додека се следи болид пред вас затоа што тоа значи дека може да ги притискате и горсирате. Тоа е подобро одошто само да се потпирате на ДРС за да поминете некој пред вас – смета Гросжан.


Возачите претпазливи со новата ДРС зона

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>