Деградацијата на гумите на Пирели во Мексико им прави проблеми на возачите, слично како кога возат по дождлива и мокра патеа. Високите температури, големата надморска височина и површината со слаб грип ги прави гумтие многу тешки за менаџирање по Автодромот Ерманос Родригез.

Тешкото прилагодување на гумтие доведе до тоа Ред Бул и Рено да бидат најбрзи на петочните сесии, а Мерцедес и Ферари повеќе од секунда позади. Најголем губитник од целата ситуација е Кевин Магнусен кој имаше најбавно време во Петок.

Гумите се многу тешки, немав брз круг со хиперсофт се до крајот на серијата, а тогаш не ни можев побрзо. Не сме конкурентни како што сакавме, со празен резервоар имаме еден ритам, но со повеќе гориво сме сосема различни

Возие по патеката и единствено сакате да останете на асфалтот, не се тркате, не брзате затоа што немате грип. Мислам дека е исто дали возиме на гуми за суво или за дожд. Не знам зошто патеката е толку лоша, но знам дека проблемот е голем – смета Магнусен.

Неговиот тимски колега, Роман Гросжан, успеа да постави 12то време, но се согласува со она што го кажа данецот.

Во еден момент мислев дека врне. Беше многу, многу тешко. За еден летечки круг гумата е пристојна, но долга серија е невозможна затоа што по три кругови повеќе нема грип – објасни Роман.

Себастијан Фетел смета дека е многу тешко да се оптимизираат гумите затоа што по еден летечки круг веќе немаат грип.

Гумите ќе бидат главна работа остатокот од викендот, особено на квалификациите. На хиперсофт е тешко да се заджи бсалансот во текот на еден летечки круг.

Пјер Гаслли го спореди своето Торо Росо со рели автомобил.

Гледајќи го ритамот на мојот круг, мислам дека гумите траеја само два сектори. Искрено е тешко да се каже затоа што во првиот летечки круг сум 6 секунди зад ритамот, по три круга успевате да комплетирате круг во иста секунда, а потоа сте побавни цела секунда. Го “губите“ задниот дел, го “губите“ предниот дел и по неколку кругови не изгледа како да возите Формула 1 болид.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.