Шарл Леклер и Маркус Ериксон бараат од тимот да го подобри пакетот со ниска потисна сила по слабите резултати во Белгија и Италија.

Заубер пред летната пауза освојуваа поени и во Леклер беше во К3 неколку пати.

Со подобрувањата на моторот на Ферари, Заубер напредуваше и Ериксон целеше на двојни поени во Белгија и Италија. Но од сето тоа тие добија само 1 поен во Белгија.

Нешто не е во ред со пакетот што го имавме во Монца и треба да го анализираме. Мислам дека секогаш до сега пакетот работеше, но тука нешто се случи. Треба да ја најдеме причината. Тој пакет не е ефикасен. Поспори бевме од очекуваното. Но да бидам искрен на таквите патеки очекувавме да се мачиме но сега на Сингапур треба да се вратиме подобрени. Треба убаво да се анализираат двата поминати викенди.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.