Ленс Строл смета дека можел да стигне до поени на Големата награда на Мексико доколку тимот и кај него користел стратегија како онаа на Сергеј Сироткин, кој само еднаш застана по нови гуми. Во досегашниот дел од првенството, канаѓанецот има освоено поени само на две трки.

Штета што денеска не дојдовме до поени, можеби со едно застанување ќе успеевме. Знам дека Сергеј комплетираше трка со една промена, а така можев и јас. Но бев во различна позиција на патеката по првата серија.

Ултрасофт гумите од првата серија многу брзо се потрошија и поради тоа моравме два пати да менуваме. Потоа имавме долга серија на суперсофт и менаџиравме колку што можеме повеќе – ја објасни својата трка Ленс Строл.

Сергеј Сироткин заврши позиција зад својот колега со предолга серија од 58 кругови на суперсофт, но фантастично изменаџира со гумите и кон крајот дури и успеа да го претекне Кевин Магнусен од Хаас,

Одлична тимска работа, начинот на кој го менаџиравме последниот стинт од 58 кругови на потврдите гуми беше мега. На десет кругови пред крајот сеуште имав подобри гуми од оние околу мене.

Имав одличен ритам и побрз бев од болидите околу мене. Се борев со Кевин Магнусен, но кога дојде Виртуелното безбедносно возило ми го поремети ритамот и ми ги плади гумите, по што едноставно се ресетирав. За време на рестортот се мачев да ги загреам гумите и ми требаа три кругови да го направам тоа.

Го претекнав Кевин Магнусен на четири кругови пред крајот и во последните кругови ги стигав и останатите, но трката веќе заврши. Завршивме навистина феноменална работа се менаџирањето, но разочаран сум што не можев да бидам поагресивен кон крајот на трката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.