Здружението на возачите во Формула 1, ГДПА, планира дискусија околу пневматиците и состојбата на тркањето во Бразил, во екот на зголемени фрустрации со самиот спорт.

Зголеменото основање на менаџирањето на пневматиците, надополнето со разликата помеѓу врвните екипи и останатите, ги натера возачите да се состанат и да донесат одлука дали нивно инволвирање е потребно за да се подобри ситуацијата.

Даниел Рикардо истакна дека иако последниот вид на пневматици им дозволува на возачите да возат поагреснивно во одредени услови, тие сепак мора да внимаваат на истите со цел да се намали бројот на застанувања во бокс, што од нивна гледна точка значи дека нешто недостасува.

Токму поради тоа темата околу пневматиците е на дневен ред на нивниот состанок, кој ќе се одржи по официјалниот возачки брифинг.

Мислам дека никој никогаш нема да биде целосно задоволен. Тие сакаа пневматици со кои ќе се тркаме поагресивно и подолго, а сметам дека сме блиску до тоа.

Но, не знам како да користам пневматик со кој можам да бидам агресивен, но кој ќе се деградира, па мора да имаме две или три влегувања во бокс. Мислам дека ќе возиме побавно, како сега – вели Рикардо.

Иако проблемите со пневматиците и дали деградацијата и менаџментот се премногу, ќе бидат главна тема на дискусијата, Роман Гросжан смета дека поголеми проблеми во Ф1 го вклучиле алармот.

Не е само до пневматиците. Јас мислам и не сакам да зборувам за други, ние треба да дадеме наше мислење и можеби да се обидеме да сториме повеќе, бидејќи трките, не се забавни.

Шесто место во Мексико заостанува 2 круга? Како може да се надевате тим од средината да заврши на подиум, ако заостануваат еден или два кругови?

Делтата помеѓу големите тимови и малите тимови е преголема. Дополнително, пневматиците се толку комплицирани за возење, ако немате потисна сила, ќе ги уништите и разликата ќе се зголеми – вели Гросжан.

Гросжан смета дека идејата за оваа дискусија е да се процени мислењето на сите возачи.

Доколку постои согласност околу тоа што треба да се превземе, тогаш истото ќе биде формализирано и на фановите, медиумите и Ф1 ќе им биде приложено со цел да се подобри спортот.

Ако треба да сме во ситуација кога сите се среќни со дискутираното и ги знаеме главните ставки, тогаш можеме да го пренесеме тоа до медиумите, до Либерти или било кој друг. Важно е да не седиме само и да не превземеме нешто околу спортот кој го сакаме – додаде Гросжан.

Пјер Гасли од Торо Росо смета дека моменталните фрустрации со пневматиците покажуваат дека возачите мора да коментираат почесто доколку сакаат промени.

Постојат многу нешта кои може да ги подобриме, но јасно е дека еден аспект сигурно ќе го подобри тркањето, ако имаме поиздржливи пневматици, кои не се толку чувствителни на топлината. Ќе ни даде можност да ги следиме болидите пред нас во подолг период.

Моментално, поминувате низ 3 свиоци блиску до болидот пред вас и почнувате да се лизгате, пневматиците се загреваат и губите перформанси. Температурата се зголемува постојано и тоа е крај за вас.

Тоа е нешто на што Пирели треба да се фокусира. Веќе им кажавме, треба да го почитуваат ФОМ и тоа што тие го бараат. Најверојатно, како возачи, треба да бидеме погласни во нашето мислење, нашето гледиште и желба за иднината – вели Гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.