Владата на Виетнам даде поддршка за идејата за организација на Формула 1 трка низ улиците на главниот град на државата, Ханои.

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, во Јуни најави можност за трка во Југоисточна Азија откако откри дека челниците  на спортот веќе некое време преговараат со властите на Виетнам и главниот град Ханои.

Сите владини министерства и агенции поддржаа идеја за создавање на нова атракција во Ханои.

Властите во Ханои побараа од жителите кои живеат во областите кои се планирани за трката за нивно мислење за одржување на настанот и сите изразија голема поддшка поради привлекувањето туристи – изјави Маи Тиен Дунг, шеф на канцеларијата на Владата.

Сепак, Дунг не најави кога ќе биде потпишан договор со Формула 1 за организација на трка или кога може да се очекува да се одржи првиот Гранд При настан.

Премиерот Нгујен Ксуан Пхук им наави на градските власти дека нема да бидат во можност да сметаат на државниот буџет за инфраструктурни работи како поддршка на трката и за тоа мора да привлечат приватни инвестиции.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.