Виљаделпрат: Зек Браун е слаб

177

Поранешниот Меклареновец, Јоан Виљаделпрат го оквалификува сегашниот Главен извршен директор на тимот, Зек Браун како слаб. Шпанецот беше дел од Мекларен во времето на успесите на Рон Денис, градеше кариера почнувајќи како главен механичар и оперативен директор, а беше дел и од Ферари, Бенеро и Прост.

Анализирајќи ја состојбата во Мекларен, Виљаделпрат се прашува каде исчезнала легендарната екипа.

Го гледав раѓањето на Мекларен, бев еден од првите кои му се придружија на Рон Денис. Го следев растот на Мекларен, но сега тие минуваат низ тежок период и понекогаш не можам да поверувам во која насока се движат. Се прашувам како ќе излезат од таа дупка – смета Виљаделпрат во својата изјава за шпански El Confidencial.

63-годишниот шпанец смета дека тимот се загубил најмногу поради отсусвото на победнии во екипата по крајот на ерата на Рон Денис, кој се повлече пред две годни.

Кога почнаа промените во Мекларен тие сакаа да ги исчистат сите луѓе кои му биле лојални на Рон Денис. Но, набрканите беа во тимот со години и беа сржта и интелигенцијата која го држеше Мекларен силен, дури и во години кога тимот не беше на врвот. Рон Денис бараше начин повторно да победува, а тој знаеше да го направи тоа.

Сега таму има група на луѓе која е далеку од победничка. Гледам дека Браун е слаб и сеуште учи. Да, сеуште има добри луѓе со потенцијал во Вокинг, но немаат ни пари ни имагинација да се извадат од состојбата во која се наоѓаат.


Booking.com

Виљаделпрат: Зек Браун е слаб

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>