Вилнев: Фетел може да напише книга “Како се губи титула“

414
   

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, верува дека амбициозниот обид за претекнување на Себастијан Фетел во Јапонија ја покажува клучната разлика помеѓу него и неговиот жесток ривал, Луис Хамилтон. Обидов на Себ да го мине Макс Верстапен на Спун кривината заврши со губење на многу позиции од страна на германецот.

Тој беше многу назад кога се обиде да претекне, Макс немаше шанси да се тргне и да му рече “те молам помини ме“. Фетел се обиде нешто, се беше чисто, но не му успеа и беше премногу ризично. Тој може да напише посебна книга за оваа сезона која ќе се вика “Како да загубиш титула“.

Клучна разлика помеѓу него и Хамилтон оваа сезона е дека Луис прво мисли за целата ситуација пред да направи било каков агресивен напат – смета Фетел.

Возачот на Мерцедес во моментов ужива предност од 67 поени во однос на Фетел кај возачите на 4 трки до крајот, но годинава вози непогрешливо. Според Вилнев, Луис има отворен пат до титула.

На последната трка Фетел имаше прифатено дека не може да победи, тоа се гледаше во неговите потези и во неговата релаксираност.

Не е лесно да се разберат Ферари и не само поради тоа што загубија некоклу трки. По неколку грешки, тие не успејаа да се вратат на вистинска патека и тоа е невозможно да се разбере од некој од надвор – заврши Вилнев.


Вилнев: Фетел може да напише книга “Како се губи титула“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>