Помошта што му ја даде Ботас на Хамилтон за британецот да дојде до победата е доказ за тимска работа но може да биде почеток на лавина од тимски наредби кои ќе излезат од контрола.

По трката во Монца, Жак Вилнев изјави дека не е импресиониран од начинот на кој Мерцедес дојде до победа над Ферари.

Главен проблем беше БОтас кој го кочеше Раиконен за Хамилтон да се приближи.

Финецот се согласи да ја жртвува неговата трка и остакот е историја.

Хамилтон доби информација дека колегата ќе помогне и забрза да го стават Раиконен во небрано се до 9 кругови пред крајот кога Хамилтон изби на врвот и ја однесе победата.

Тие одлучија да ја уништат трката на ривалот со користење на еден нивни возач и тогаш дадоа наредба на радио. Му рекоа на Хамилтон дека Ботас ќе му помага од напред. ТОа се премногу информации. Во последните две трки го користат Ботас. Време е и Ферари да почне така да игра. Ферари има одличен болид во последните четири трки а имаат само една победа. Не ја користат предноста кога Хамилтон е назад. Овие шанси не треба да се пропуштат.


1 КОМЕНТАР

  1. Срамота жива се мерцедес само такви прљави работи прават цело време е кој е сега потрчко ботас или рајконен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.