Вилнев со совет до Строл: Веднаш оди во Форс Индија

175

Жак Вилнев смета дека Ленс Строл треба веднаш да прејде во Форс Индија, и да седне во ВЏМ11 болидот уште на следната трка во Спа. Конзорциумот предводен од таткото на Ленс, Лоренс, ја превзеде екипата, така што стана повеќе од јасно каде младиот канаѓанец ќе ја продолжи својата кариера.

Жак од своја страна е човекот кој го нарече Ленс најлош дебитант во Формула 1 историјата, но овој пат смета дека младио возач треба уште веднаш да го напушти Вилијамс кои се во очајна форма.

Ленс треба да ја заврши сезонава во Форс Индија и не треба повеќе да чека. Уште во Белгија на крајот од месецот треба да го промени тимот. Болидот е многу подобар и ќе може да се подготви подобро за стартот на следната година како и да го подобри својот возачки стил со инженерите на Форс Индија.

Што се однесува до договорите на Естебан Окон и Серхио Перез, сметам дека се може да се направи во Формула 1. Сме биле сведоци во минатото, договорите се откупуваат, а возачите се менуваат на средина од сезоната – смета Формула 1 првакот од 1997 година во својата изјава за Le Journal de Montreal.

Како последица на губењењто на Ленс Строл, од Вилијамс ќе си заминат и милионите на Лоренс, а тоа во комбинација со губењето на Мартини како главен спонзор е огромен удар за тркачката екипа.

Губењето не само на Лоренс, но и на главниот спонзор Мартини веројатно е последниот клинец на кофчегот. Ќе загубат многу од телевизиските права затоа што ќе бидат на дното во шампионатот, така што дури ни возачите кои плаќаат за своето место нема да сакаат да ги трошат своите пари таму.

Од другата страна, самата организација во Форс Индија е многу подобра од онаа во Вилијамс иако годинава престанаа да се развиваат поради финансиската состојба. Лоренс секогаш правел брендовите да раснат, тоа е негова силна страна, но тоа не можеше да го направи ви Вилијамс затоа што не беше нивни сопственик, а во Форс Индија ќе има многу поголемо влијание.


Вилнев со совет до Строл: Веднаш оди во Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>