Вилнев смета дека Леклер не е подготвен за Ферари

153
   

Поранешниот Формула 1 шампион, Жак Вилнев, смета дека Ферари ќе погреши доколку го смести Шарл Леклер во совјот болид следната година затоа што младиот возач сеуште не бил подготвен за толакв предизвик. За Auto Bild канаѓанецот изјави дека експресната промоција ан возачот од Монако во Маранело може да ја уништи неговата иднина.

Ферари имаат договор со Шарл и ја имаат неговата идина во раце, а во моментов тој е дел од нивната Академија и како позајмен возач вози за Алфа Ромео Заубер.

Мислам дека е прерано за него. Од една страна Ферари ризикува да “го изгори“ ако Ветел константно го победува, но од друга страна им треба искусен втор возач, а Кими Раиконен во моментов е доста стабилен.

Ако Себастијан сам го развива болидот следната година, тоа не е рпедност. тоа ќе му даде на Леклер уште една година во која треба да учи и да с развива – објасни Вилнев.

Минатата недела речеси сите медиуми пренесоа дека Маранело го чека Леклер уште во 2019 година, а самиот возач често потврдува дека негов сон е да вози за Скудерија.


Вилнев смета дека Леклер не е подготвен за Ферари

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>