Поранешниот Формула 1 светски шампион, Жак Вилнев, со сомнева во можностите на Хонда за 2019 година и не верува дека Ред Бул Рејсинг ќе бидат во можност да конкурираат на врвот.

По големиот напредок на Хонда со јуниорскиот тим, Торо Росо, многумина веруваат дека Ред Бул ќе бидат во можност да се натпреваруваат на самиот врв против Мерцедес и Ферари во 2019 година, по сезона на издржливост со Рено во 2018 година.

Сепак, Вилнев го поттикна прашањето: Зошто Хонда наеднаш би била подобра следната сезона?

Зошто Хонда наеднаш би биле подобри во новата сезона, освен ако моторот не го изработи некој од надвор, што е можно, но ако е истиот проект, тогаш не гледам зошто тоа би било ОК.

Ги видовме Торо Росо минатата година дека имаа повеќе моќ. Но тој мотор може да издржи само 1 трка, а не седум трки – изјави Вилнев.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.