Вилнев: Рикардо ќе докаже дека не погрешил

217

Жак Вилнев застана во одбрана на трансферот на Даниел Рикардо од Ред Бул во Рено, иако многумина сметаат дека прод од 3от во 4от тим на гридот е назадување. Канаѓанецот смета дека преминот на Ред Бул од Рено на Хонда мотори следната година може да доведе до тоа Дание да испадне како победник на крајот.

Австралијанецот се очекуваше да потпише нов двегодишен договор со тимот, а во Милтон Кинс дури снимиле и спот како најава за продолжување на соработката, но истиот никогаш нема да го види светлото на денот.

Шпекулациите велат дека Рикардо се решил да потпише за Енсон во многу што поради тоа што не добил гаранции од Ред Бул дека ќе има еднаков статус со младиот Макс Верстапен.

Со месеци зборувам за ова, но никој не ми верува. Сите велеа дека ќе остане во Ред Бул, но одлично е што заминува во Рено кои се фабричка екипа со огромни ресурси.

Соработката на Ред Бул со Хонда “не држи вода“. Во исто време “биковите“ се екипа на Макс Верстапен и целото снимание е свртено кон него – изјави Жак за Journal de Montreal.

Во Милтон Кинс сеуште размислуваат кој да биде партнер на Макс следната година, а борбата се води помеѓу КАрлос Саинз и Пјер Гасли. Шпанецот мина година како позајмен возач во Рено, додека перформансите на Гасли со просечниот Торо Росо се фантастични.


Вилнев: Рикардо ќе докаже дека не погрешил

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>