Вилнев: Рикардо е многу подобар од Верстапен

195

Никогаш недозборениот Светски Формула 1 шампион од 1997 година, канаѓанецот Жак Вилнев, повторно изненадува. Во својата последна изјава тој ги компарираше возачите во Ред Бул велеќи дека Макс Верстапен е далеку од нивото на Даниел Риакрдо.

Во моментов Рикардо е дури 37 поени пред Верстапен во возачкиот поредок, Даниел победи на две трки, а Верстапен на секој тркачки викенд има барем по еден инцидент.

Воедно, Жак го обвини холанѓанецот и за инцидентот во Баку по кој двајцата останаа без пласман додека се бореа за подиум.

Верстапен греши на секоја трка, тоа се случува секогаш, а тоа е лош знак. На пример, Рикардо не беше воопшто виновен за нивниот судар во Баку затоа што тој ништо не погреши.

Ако возачот константно греши тој мора да се смири и да забави, но за да биде на ниво на Рикардо, во исто време тој мора да превзема ризици.

Тоа значи само едно, Макс не е добар како Рикардо. Точка – појасни Вилнев за Sky Italia каде работи како стручен коментатор.


Вилнев: Рикардо е многу подобар од Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>