Вилнев: По пресвртот, Хамилтон е можеби несопирлив

399

Жак Вилнев верува дека Луис Хамилтон е можеби повеќе недостижен по победата на драматичното Германско Гранд При и превземањето на првото место во генералниот пласман. Хамилтон стартуваше од 14то место по проблеми во квалификациите и стигна до победа благодарејќи на излетувањето и сударот на Себастијан Ветел.

Шампионот од 1997 година вели дека условите во кои што Хамилтон дојде до победа би можеле да го издигнат на повисоко ниво во борбата за титула, која еволуира од викенд до викенд.

Ефектот можеби е сличен на Сингапур од минатата година.

Луис беше потиштен, депримиран, мислеше дека сите го мразат. Тоа беше неговиот став, дури и пред трката. Неговите коментари беа жалосни и наеднаш го доби ова, 25 поени. Тоа се случи и во Сингапур, ако добро се сеќавам.

Од Сингапур тој беше несопирлив. Го имаше тој став во три или четири трки и никој не можеше да го победи. Можеби тоа се случува и сега. Штетата беше голема за Ветел. А истата можеби ќе придонесе кон позитивен став кај Хамилтон – изјави Вилнев.

Од друга страна, Жак сочувствува со Ветел по сударот пред домашната публика.

Таа грешка лесно може да се случи, не знаете колку вода има. Водите во трката. Кога сте на второ или трето место, го гледате лидерот, ги гледате останатите. Кими забави во тој момент.

Лесно е да се каже од страна “колку глупава грешка“. Но истата е лесна во такви услови – додаде Вилнев.


Вилнев: По пресвртот, Хамилтон е можеби несопирлив

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>