Жак Вилнев негираше дека го споредил однесувањето на Луис Хамилтон со Исус Христос.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Цитатот од Вилнев се сподели на социјалните мрежи, но поранешниот шампион вели дека тоа било извадено од контекст.

Никогаш не сум дал изјава во интервју за медиум. Никогаш не беше одговор на прашање – вели Вилнев.

Вилнев исто така го објасни и коментарот дека Вилијамс се “мртва“ екипа.

Никогаш не реков дека се мртви. Реков дека умираат. Не е исто. Моите коментари беа преведени на германски јазик, а потоа и на друг јазик. Кога го правите тоа, значењето се менува.

Кога не станува збор за организирани интервјуа, промените во значењето може да бидат огромни – додаде Вилнев.

Вилнев исто така додаде дека Ленс Строл, неговиот сонародник, не треба да премине од Вилијамс во Форс Индија.

Искрено, не е толку порозево во Форс Индија, бидејќи тимот опаѓа поради сопственик кој не си ги платил долговите. Дури прочитав дека главниот спознор не ги спонзорира, туку им дава заем.

Ако Строл си замине. тоа најверојатно нема да го промени неговиот статус премногу – заклучи Жак.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.