Вилнев: Беше многу посебно чувство

189

Формула 1 фанови на распродадените трибини на Канадското Гранд При стоеја и аплаудираа додека Жак Вилнев возеше на патеката со болидот на неговиот татко, Жил Вилнев, кој стигна до победа пред 40 години.

Вилнев го возеше Ферари-то со број 12, 312Т3 од првенството во 1978 година пред неделната трка. 47-годишниот возач ја помина патеката прилично бавно, водејќи ги позади себе останатите Формула 1 возачи кои беа превезувани во класични спортски автомобили.

Не беше возење, тоа беше повеќе како пешачење. Но да седам во тој болид пред оваа публика, дел од нив кои ме следеа додека јас возев, дел додека возеше татко ми, беше многу посебно чувство – изјави Жак Вилнев.

Неговиот татко победи на Канадското Гранд При при одржување на првата трка на истата патека која потоа беше именувана во негова по смрт во 1982 година на Белгиското Гранд При. Неговиот син Жак следеше по неговите стапки и стана шампион во 1997 година со тимот на Вилијамс.

Идејата за возење на болидот на Жил Вилнев по патеката била на неговата сопруга, Жоан Вилнев. Сопствениците на болидот од Торонто се согласиле Жак Вилнев да го вози на патеката.


Вилнев: Беше многу посебно чувство

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>