Вилнев: Ако Кими го удреше Ботас, казната ќе беше помала

660
   

Кими Раиконен ќе се соочел со помала казна доколку го удрил болидот на Валтери Ботас наместо тој на Луис Хамилтон на Британското Гранд При, смета Жак Вилнев.

Раиконен доби казна од 10 секунди откако удри во Хамилтон и предизвика извртување на британецот по стартот, додека Себастијан Ветел доби казна од 5 секунди за ударот во Ботас на Француското Гранд При.

Вилнев верува дека казната на Раиконен е уште еден пример за непостојаноста кај официјалните лица на Формула 1 и смета дека финецот ќе добиел помала доколку удрил во својот сонародник.

Не разбирам зошто беше 10 секунди, а другпат е 5 секунди, понекогаш ниту толку.

Тоа е погрешно. Ова е тркање. Не ми се допаѓа кога има казни, тоа треба да биде за нечисто возење, што е нешто сосема поинакво, или пак за глупаво возење. Одлучија бидејќи е Луис во прашање и бидејќи сме во Велика Британија, тој се бори за титула и поради тоа вреди 10 секунди.

Доколку беше Ботас, казната ќе беше 5 секунди, тоа е проблемот – вели Вилнев.

Вилнев исто така го истакна сударот на Раиконен со Верстапен на Австриското Гранд При, кога имаа контакт во првиот круг по што возачот на Ред Бул ја превзеде позицијата на Кими, а не доби никаква казна, што е уште еден пример за непостојаност.

Понекогаш ги следите случувањата како со Верстапен во Австрија, каде тој имаше контакт со Кими. Зошто за тоа не следуваше казна? Важно е дека има контакт, не што ќе се случи по контактот – додаде Вилнев.

Шампионот од 1997 година верува дека стратегијата на Хамилтон со пневматиците, надополнето со сударот, му помогнало на крајот, кога имал посвежи пневматици од Ботас.

Без сударот, тој ќе возеше на трето место цела трка, немаше други возачи да му се тргнуваат од патот, ќе ги уништеше своите пневматици.

Тоа му појде од полза, бидејќи покасно влезе во бокс, така што на крајот имаше пневматици кои беа подобри од тие на Ботас. Заврши на второ место по лош старт, така што треба да биде срреќен, бидејќи немаше да победи на оваа трка. Не треба да се жали поради тоа – заклучи Вилнев.


Вилнев: Ако Кими го удреше Ботас, казната ќе беше помала

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>