Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили , тврди дека го молел 7-кратниот Формула 1 првак да не се враќа на гридот во 2010 година преку тимот на Мерцедес.

Првото пензионирање на “црвениот барон“ беше во 2006 година, но три сезони подоцна се врати во сребрениот болид на Мерцедес при враќањето на германците на Формула 1 гридот. Но, во тие моменти, најсуепшниот Формула 1 возач на сте времиња веќе ја имаше прекинато соработката со Вили.

му се јавив и го молев да не се враќа и да не оди во мерцедес затоа што само ќе загуби. беше седумкратен првак и немаше ништо за докажување, но едноставно сакаше да вози. му реков дека е во ред, но ќе го прави тоа без мене – објасни вили вебер во своето интервју за Abendzeitung.

Австралјанецот откри дека тоа несогласување не го уништило нивниот однос и дека и потоа останале добри пријатели.

не се скаравме, а имавме потпишан договор до 2014 година, но јас не сакав повеќе да одам низ светот и да патувам со него. јас сум ќовек кој смета дека се во животот има свое време, а јас и михаел бевме заедно скоро 20 години и тоа беше нашето заедничко време. тоа не може да се повтори, а минатото не може да се врати.

се разделивме како пријатели, стотици пати потоа зборувавме по телефон, пиевме кафе и вечеравме – заврши вебер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.