Вилијамс ќе стартува од боксот

91
   

Возачите на Вилијамс, Сергеј Сироткин и Ленс Строл ќе ја почнат денешната трка од бокс откако екипата одлучи да ги промени заднтие крила на болидите додека истите се наоѓаа во Парк Ферме по вчерашните квалификации. Двајцата се извртеа уште на К1 во квалификациите поради проблеми со аеродинамиката во момент на деактивација на ДРС.

Строл заглави во песокот крај патеката и не забележа време, додека Сироткин успеа да се одлгави и да дојде до боксот, но тоа не беше причина да не биде со најбавно време по првите 18 минути.

Вилијамс отки дека проблемот со непредвидливото однесување на болидот е задното крило кое премиерно се користи на оваа трка, односно интеграцијата и взаемната работа на истото со подот и поради тоа решиле да го користат стариот дизајн.

Со ова, ќе има три болиди кои ќе стартуваат од бокс, на чело од тсаа мини колона ќе биде Сергеј Сироткин, зад него ќе биде Ленс Строл, а последен ќе биде Брендон Хартли кој вчера на Т3 го уништи својот болид и не учествуваше на квалификациите.


Вилијамс ќе стартува од боксот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>