Вилијамс повторно се вратија на задното крило кое им донесе многу проблеми за време на квалификациите во Силверстон, а предизвика извртување на Строл и Сироткин. Во Германија се вратија на старото крило, но претстојниов повторно ќе пробуваат.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Пади Лоув појасни дека задното крило не е единствен проблем за извртувањето туку повеќе е страничен ефект од многу новини кои биле донесени во Британија.

Проблемот во Силверстон беше примарно од промената која ја направивме на подот и дифузерот. Согласно позицијата во која се наоѓаме, мораме да бидеме агресивни за да ги подобриме перформансите. Го користевме новото крило интензивно за да можеме да добиеме многу податоци.

Во Силверстон напредувавме доста во Петок по модификациите кои ги направивме на дифузерот кои ни донесоа големо подобрување на кривините и проади тоа сакавме да продолжиме така и на трка, но се појави несакан аеродинамички ефект додека користевме ДРС. Тоа беше страничен и несакан ефект односно чекор кој ни го предизвика аеродинамиката која беше наменета да ни донесе подобрување во кривини.

Навистина немавме среќа, последиците беа видливи и моравме да го корегираме тоа и затоа почнавме од боксот. Проблемите беа целосно неочекувани – објасни Лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.