Тимот на Вилијамс ќе користи менувачи од Мерцедес следната сезона со што сигналите за нивно прераснување во Б екипа на Мерцедес се засилуваат. Тимот од Гров се мачи сезонава со перформансите и од досега извозените 11 трки имаат освоено само 8 поени.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Овој договор се чини дека е почеток на преродбата на тимот кој се очекува да биде многу посилен во 2019 година. Доколку продолжат да ја зголемуваат соработката, се очекува односот на Вилијамс со Мерцедес да биде сличен на односот кој Ферари го има со своите муштерии Заубер и Хаас.

Болидот на Вилијамс доби ново предно крило во Германија кое се покажа одлично и работеше на начин на кој предвидуваа инженерите. Сергеј Сироткин стигна до 12то место, најдобар резултат за него сезонава. Се очекува новини на болидот да продолжат да стигнуваат по летната пауза.

Од следната година, освен моторот и менувачот, Вилијамс ќе користи и задна суспензија од Мерцедес, така што се очекува на долг рок да продолжи со користење на многу делови од дозволената листа.


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.