Клер Вилијамс, заменикот тимски шеф на Вилијамс Ф1 тимот, е убедена дека нема повторно да бидеме сведоци на лошата форма во однос на конкурентноста во 2019 година.

Екипата заврши на последното место во пласманот во 2018 година, а Ленс Строл и Сергеј Сироткин освоија само 7 поени во текот на 21 трка. Вилијамс имаат целосно нова постава за новата сезона со Роберт Кубица и Џорџ Расел на возачките места. Но таа признава дека проблемот во Гроув е поголем од само изборот на возачи, а минатогодишниот ФВ41 имал сериозни фундаментални проблеми во дизајнот уште од самиот почеток.

Прилично сме среќни што успеавме да ги решиме некои од клучните проблеми од минатата година, Но нашето враќање сеуште не е завршено.

Очигледно имаме план за развој на болидот. Тој се одвива според замисленото. Мислам дека мора да чекаме до тестовите да видиме што прават и сите останати. Тешко е да се процени развојот кој го направивме досега.

Постои многу работа која се одвива околу бизнисот во целина. Мора да се осигураме дека бизнисот и структурата, процесот и ресурсите функционираат за истата цел.

Работиме напорно за да се осигураме дека се е поставено на правилен начин за да ја завршиме работата и дека нашиот план се одвива во вистинска насока.

Атмосферата е всушност добра. Сите работат навистина напорно – изјави Клер.

Иако екипата го загуби спонзорството од Мартини, СМП Рејсинг и Лоренс Строл, тие имаат нов спонзор во полската нафтена компанија ПКН Орлен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.