Вилијамс со ново предно крило

68

За Големата награда на Германија Вилијамс носи нов дизајн на предното крило, новина која се надеваат дека ќе го направи болидот многу попредвилив во однос на Силверстон. За време на Британското Гранд При двата болиди стартуваа од боксот откако мораа пред трка да добијат задно крило со постара спецификација затоа што најновот предизвикуваше проблеми со аеродинамиката.

Освен дополнителна потисна сила во предниот дел, новото предно крило треба да го подобри балансот на Сергеј Сироткин и Ленс Строл за тие да добијат повеќе верба во болидот со кој се тркаат.

Новото крило не ни дава подобро време по круг на хартија, но очекуваме од таа новина на крајот на денот да ни донесе стабилна платформа. Како последица имаме повеќе верба во болидот, протокот на воздух е многу постабилен на надворешните влијанија – смета Строл.

Предното крило е важно проади тоа што работиме на овие мали новини веќе подолго време. Се надеваме дека болидот ќе биде многу попредвидлив и ќе добиеме подобрување на проблемот со корелацијата со која се соочуваме и за што ни треба многу време да го решиме – дополни Сергеј Сироткин.


Вилијамс со ново предно крило

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>